Уставен суд да се произнесе за про-бугарското здружение во Охрид
Правниот зстапник на Македонците во Бугарија пред Судот за човекови права во Стразбур адвокатот Тони Менкиноски денеска поднесе иницијатива за проверка на уставноста на регистрираното пробугарско здружение во Охрид, објави emagazin.mk
Уставните судии треба да ја проверат уставноста на Програмата за работа и Статутот на здружението затоа што според Менкиновски во овие два документа може неспорно да се утврди дека се насочени кон насилно уривање на уставниот поредок на Македонија и разгорување на верска и национална нетрпеливост. Во прилог на иницијативата, пишува emagazin.mk , доставен бил и документ – акт од бугарскиот цар во 1941 донесен веднаш по окупирањето на Македонија со кој припадниците на македонската националност се преименуваат во бугарска.
Извор: emagazin.mk