March 28, 2024

Македонците треба да влезат во бугарскиот Устав …

….а дипломатијата мора да поведе процес против Бугарија во Советот на Европа за нејзино исклучување поради непочитување на пресудите од Стразбур!

„Согласно извештаите на комесарите за човекови права од Советот на Европа, Бугарија е таа која треба треба да го менува Уставот, тоа стои во тие извештаи за да може да се регистрираат македонските здруженија. Значи Македонците треба да влезат во бугарскиот Устав, а не Бугарите во македонскиот . “- изјави вечерва во интервју за ТВ СИТЕЛ адвокатот Тони Менкиновски. Тој утринава поднесе иницијатива до Уставниот суд за проверка на уставноста на програмата и статутот на про-бугарското здружение кое го носи името на бугарскиот фашистички цар Борис Трети.  

Потребата за уставни промени кои треба да ги направи Бугарија во корист на македонските здруженија на граѓани се должи на одлуките од Европскито суд за човекови права во Стразбур ( ЕСЧП).  

„Иницијативата се базира на она што е обврска на уставниот суд , но ќе напоменам многу е важно бидејќи ова е цел од една поголема игра од страна на одредени бугарски апологети во Македонија. Ваквото формирање на здруженија во Македонија од страна на Бугарија е од причина што РБугарија знае дека сега моментално е 17 : 1 во Стразбур во загубени случаи (РАДКО е нашиот загубен  н.з) и тие формираат здруженија кои намерно иритираат , кои носат имиња на контраверзни личности и сметаат дека со тоа што ние ќе ги забраниме тие ќе излезат пред ЕСЧП и ќе го ублажат нивниот пораз. Сега во јануари мислам дека има сесија и мислам дека има голем притисок од страна на нордиските земји во делот на признавање на македонските здруженија и нивна регистрација. Бугарија е во многу лоша состојба, тие не го почитуваат системот на Советот на Европа, а непочитувањето автоматски значи исклучување. За жал македонската дипломатија не сака да го поведе тој процес кој би бил многу добар и за преговарањето за ЕУ .“ – смета Менкиновски.

„Нашите институции затаија во целиов процес “ – вели Менкиновски во интервјуто за ТВ Сител,  посочувајќи дека подобро би било културните клубови  да се именуваат по личности кои ги сврзуваат двете нации. „Царот Борис Трети е личност која разгорува расна и национална омраза и само мислам дека ќе постои поделеност меѓу македонското и бугарското општество , воопшто нема да воспостави никаква интеграција, поготово не европска интеграција.“


1027