June 6, 2023

Фекалии и болви може да ги „замрзнат“ скопјани

Болви, фекалии и смет блокираат пристапи до топлотни станици во Скопје, заедно со истекувања од грејната инсталација, незавршени интервенции или пак отсуство на довод за електрична енергија.

Со ова се соочија екипите од претпријатијата на АД ЕСМ формирани во изминатиот период откако владата ја задолжи енергетската компанија да се грижи за испорака на топлинска енергија за градот Скопје.

Ваквите состојби ја наметнаа потребата во ЕСМ да се обратат јавно до домаќинствата и до станбените здруги односно управители во колективните станбени згради, сите потрошувачи кои се приклучени на системот што функционира десеттина години. На домаќините им препорачуваат пред да бараат интервенција затоа што „не им работи парното“ најпрвин да проверат дали се во т.н затворени објекти , станови, градинки, училишта, факултети и Општина Кисела Вода, кај кои е регистрирано  дека не се обезбедени услови за непречена испорака на топлинската енергија. (кон листата објекти

„Со цел испораката на топлинска енергија од системот за централно греење да се одвива непречено и навремено, апелираме до потрошувачите, “Управителите” односно “Заедниците на сопственици” да ги отстранат дефектите на внатрешната грејна инсталација во најкус можен рок и истото веднаш да го пријават во Центарот за грижа за потрошувачи, да овозможат непречен пристап на екипите на компанијата до топлинската станица, да обезбедат постојано напојување на топлинската станица со електрична енергија (платени сметки за електрична енергија за топлинската станица и функционална електрична инсталација). Одржувањето на внатрешната грејна инсталација согласно важечките законски и подзаконски акти е одговорност на потрошувачите. – се вели во соопштението на АД ЕСМ. “ ( кон соопштението https://pelanet.mk/?p=50796 )

Низ бројки, се работи за 105 проблематични подстаници или 3,7% од вкупниот број мерни места.


1003