April 18, 2024

Жителите на Општина Новаци ќе одлучуваат кои се нивните приоритети за развој на општината

Во вторник 18.10.2022 година со почеток во 12 часот во просториите на салата во Општина Новаци ќе се одржи првата форумска сесија од Програмата „ Форуми во заедницата-Буџетски форум“.
Целта на оваа програма е да се направи статистички преглед на реализираноста на проектите, да се презентира процентот на извршување на буџетот на општина Новаци за 2021/22година и сл.
Преку „Форумите во заедницата – Буџетски форум“ жителите на Општина Новаци одлучуваа кои се нивните приоритети за развој на општината и кои проекти може да се спроведат за подобрување на состојбата на локалната заедница.
Програмата „Форуми во заедницата – Буџетски форум “ претходно се спроведуваше во соработка со ФЦУ, ЗЕЛС и Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), но годинава општина Новаци ќе го организира самостојно заради корисноста на проектот.
Целта на програмата „Форуми во заедницата – Буџетски форум“ е планирање на општинскиот буџет за следната 2023 година во консултација со граѓанството во зависност од нивните потреби. Буџетскиот форум е најдобра можност општината да покаже високо ниво на транспарентност и отчетност пред граѓаните. За граѓаните ова е можност да увидат дека планирањето на ограничените средства не е воопшто лесно и дека општината не може да ги оствари сите приоритети.


1022