Смена на директори на клиники по медиумски објавени скандали

Министерот за здравство, Беким Сали, за медицински директор на Универзитетска клиника за детски болести ја именува д-р Стојка Нацева-Фуштиќ, а за нов в.д. медицински директор на Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија ја именува д-р Виолета Клисаровска.
Промената доаѓа по изнудените оставки на досегашните директори по наводите за злоупотреба на нивната службена положба. Д-р Никола Васев, оставката ја подесе по тврдења на вработена за ТВ Алсат дека 6 од 20 доктори кои лекуваат пациенти болни од рак за кои е потребна скапа терапија, не им го давале целото количество терапија и „остатокот“ го продавале на други пациенти. Во шемата за нелегална заработувачка биле вклучени и директорот и некои од медицинските сестри. Оставка пристигнала и од проф. Д-р Аспазија Софијанова, директорка на Универзитеска клиника за детски болеси во Скопје. Нејзиниот работен кредибилитет е нарушен во последиот месец по новинарските написи во ТВ Клан дека правела манипулации со дежурства и месечно добивала плата по 300.000 денари. Софијанова ги негираше ваквите наводи, а минатата недела ја реализираше Балканската школа на педијатри, проект на Здружението на педијатри на Македонија.
