December 3, 2022

Градско првенство во куглање – турнир „4 Ноември“

Во кугланата, во спортската сала „Боро Чурлевски“, како дел од Програмата по повод, Денот на ослободувањето на Битола „4 Ноември“, синоќа се одржа градското првенство во куглање, во организација на Кугларски клуб „Пелистер – 1982“ и „Пелистер ПИН“ – Битола.

На градското првенство зедоа учество вкупно 26 куглари, 16 во машка конкуренција и 10 во женска. После квалификациите, во финалето на турнирот „4 Ноември“ каде се избираше годишен градски првак се пласираа 4 куглари, кои имаа најдобри резултати.

Во женското финале победник беше Ивана Трајчевска со соборени 538 дрвца, второпласирана беше Даниела Ѓуровска со 473 соборени дрвца, а третопласирана беше Стефанија Алексовска.

Во машкото финале победник е Цане Поповски со 573 соборени дрвца, второпласиран беше Никола Андоновски со 550 соборени дрвца, а на трето место е Игор Михајловски.

Градоначаникот на Битола, Тони Коњановски им ги додели медалите и дипломите на најдобрите во годинашното градско првенство, им честита на победниците и посака идната година, бројот на пријавени куглари да биде поголем.

Посебно признание му беше доделено на двајца ветерани во кугларскиот клуб Пелистер, кои во изминатите години дадоа голем придонес и заложба за опстанок на клубот.

Плакети за посебен развој на кугларскиот спорт во Битола добија Цане Колев и Цане Поповски за 40 години во куглањето во Битола.

Извор: Општина Битола

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *