March 29, 2024

Активен ден на СВР БИТОЛА

Приведен потпалувач на моторно возило

Полициски службеници од Криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода З.А.(40)од Битола. Тој се сомничи дека на 02.11.2022 во 02.18 часот на ул.„Цане Василев“ во Битола предизвикал пожар на патничко моторно возило „бмв“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на Р.Ф.(60) од Битола. Екипа на Територијалната противпожарна единица Битола го изгаснале пожарот. По целосно документирање на случајот ќе следува пријава против лицето

Приведени петмина дрвокрадци во Прилеп

Полициски службеници од СВР Битола-ПСОН Прилеп денеска 03.11.2022) на место викано Беловодица, Прилеп ги лишиле од слобода И. Р. (21), С. Ќ. (23), Е. К.(23),Е. М.(19) и Е. Р. (23), сите од Прилеп, кај кои биле пронајдени нелегално сечени огревни дрва. Пет возила и дрвната маса се одземени и по документирање на случајот ќе следува кривична пријава.

Приведен бегалец од затвор, ќе биде вратен во казнено-поправната установа

Денеска (03.11. 2022) во 17.30 часот од страна на полициски службеници од СВР Битола -ОВР Прилеп пред новата автобуска станица во Прилеп е лишен од слобода К. Р. (30) од с. Октиси,Струга, кој претходно бил пријавен дека денеска околу 11 часот избегал од КПУ Затвор Битола. Лицето ќе биде вратено во казнено поправната установа


1021