December 3, 2022

Кога на старото ќе се додаде малку од современото, тогаш историјата инспиративно се вмешала за да ја одржи традицијата. Традицијата овојпат се однесува на спортски настан во кој најмладите – по дух се вклучуваат и масовно празнуваат. Историјата говори дека во 1958 година се востанови традицијата денот на ослободување на градот од фашистичкиот окупатор да се одбележува со ноќна трка низ улиците на Битола.

Синоќа се одржа ноќна атлетска трка , на која зедоа учество над 500 учесници, информираат од прес одделението на Општината. Учествувале ученици од 4 до 9 одделение од основните училишта, млади од средношколските клупи и возрасни. На битолчаните љубители на трчањето им се придружиле и екипи од РЕК Битола и „Кромберг и Шуберт“.

Трката ја организира Сојузот на спортови во соработка со Сојузот на училишен спорт, ја поддржува Општина Битола. Наградите се доделуваат за екипи и поединци. На трката присуствуваа и Тони Коњановски, заменик градоначалникот Бојан Бојкоски, Претседателката на Советот на општина Битола, Габриела Илиевска. Тие не трчале, имаат други трки за натпревар. Со претседателот на Сојузот на спортови Димче Миновски и познати спортисти од градот ги доделија медалите.

Годинава трката стана спортски натпревар со концепт на високопрофесионалните настани од ваков вид. Којзнае, следната година можеби ќе учествуваат спортисти од збратимените градови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *