April 26, 2024

Прво средношколско радио во регионот – Младинско радио! Во етер

Започна со работа проектот „Младинско радио! Во етер!“кој официјално беше отворен во петокот на 4 ноември со првата работилница во Гимназијата.
Настанот го отвори професорот по македонски јазик и литература, Никола Трајковски, кој воедно и ќе работи со учениците, се обрати и директорката на Гимназијата, Лидија Споа која дава огромна поддршка за проектот. Овој проект предвидува вклучување на 20 млади луѓе во создавање на првото средношколско радио во регионот и им овозможува на младите преку практични работилници да се вклучат во создавање на радио програма во соработка со експерти и новинари. Проектот е во соработка со невладината организација ГЕТ ИНОВАЦИЈА Битола и СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“- Битола, истиот е поддржан преку Програмата за Демократија при Амбасадата на САД во Република Македонија.
Проектот се состои од 3 фази: одржување работилници и практични сесии, камп на кој учесниците ќе се сретнат со екперти и ќе имаат можност заедно со нив да ги испланираат активностите на радиото, и формирање на средношколското радио и почнување со програма на радиото.


1023