December 5, 2022

Само за КП – купатилски пејачи

Тоа се пејачи кои знаат да пеат само во купатило. Без разлика дали се тушира, се кисни в када или само чисти низ купатило, КП пее.

Обично не знае да пее на други места.

А во купатилото ги има сите елементи на потребниот пејачки настап – завеса, акустика, од време навреме и ѕиркачка публика која вообичаено е тивка.

Купатилските пејачи имаат само едно правило, мора да го задржат своето достоинство и да не придонесуваат кон јавна непријатност – без вознемирување на соседите.

Извор фото : The Hindu. com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *