Економски форум за паметни градови во Прага

Урбаната мобилност, како и управувањето со отпадни води, се главните области на форумот за градоначалниците од Западен Балкан кој се одржува во Прага, а на кој присуствуваат делегации од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија, составени од амбасадори, министри од овие држави, како и претставници од избраните општини.

Општина Битола ја претставуваат градоначалникот Тони Коњановски и секретарот на општината Борче Димитровски, а од Македонија, на форумот присуствуваат и претставници на НАЛАС, ЗЕЛС, општините Скопје, Струмица, Берово, Куманово, Тетово, Штип.

За време на форумските сесии се разговараше за економската соработка на Западен Балкан на полето на зелена и дигитална транзиција, беа претставени добри примери и локални стратегии за развој на паметни градови, а една од темите беа и иницијативи и проекти за поддршка на решенија за паметни градови во Западен Балкан. Дел од реализираните активности изминатите два дена, беше и посетата на јавното претпријатие за транспорт во градот Храдец Кралове , како и фабриката за производство на автобуси со акцент на електричните автобуси и современата технологија.

Организатори на економскиот форум се Министерството за надворешни работи и Министерството за индустрија и трговија на Чешка, која во моментот претседателствува со ЕУ.

Извор: Општина Битола


1091

Задолжително

Verified by MonsterInsights