Потпишан меморандум за културна соработка помеѓу ЈОУ Културен и информативен центар- Битола и Културно информативен центар – Подгорица, Црна Гора

Попладнево во Свечената сала на Офицерски дом во Битола свечено беше потпишан меморандум за соработка меѓу КИЦ – Битола, Македонија и КИЦ Подгорица, Црна Гора.
Во интерес на заедничка соработка и организирање на културни манифестации меѓу двата града, Меморандумот беше потпишан од директорките на институциите г –ѓа Лили Бошевска и г-ѓа Снежана Бурзан. На средбата присуствуваа Н.Е амбасадорката на Црна Гора, Марија Петровиќ, конзулот на Црна Гора, г –дин Милорад Андријашевиќ, како и претседателката на Советот на општината Битола г-ѓа Габриела Илиевска и заменик градоначалник г-дин Бојан Бојкоски.

„Со овој свечен чин Културно информативниот центар – Битола ги продолжува активностите на полето на меѓународната соработка што е од исклучителна важност за идните културни релации со земјите од регионот и светот.“- објави Г-ѓа Лили Бошевска, директор на КИЦ Битола на својата фејсбук страница.
