April 20, 2024

Започнува светското првенство во фудбал

Светот одбројува 1,30 час до официјалниот старт на Светското првенство во фудбал 2022 што ќе се одржи на стадионот Ал Бајт, домаќин и на воведниот натпревар помеѓу домаќинот Катар и Еквадор.
Ако сте на пат за таму, официјалните упатства се/ беа да стигнете на стадион 6 часа порано за да го избегнете густиот сообраќај, а метро станицата во близина не само што е затворена туку и ја нема на новите мапи. Алкохол нема да се продава на осумте стадиони на кои ќе се одржи Светското првенство во Катар, откако ФИФА ги промени правилата на два дена пред почетокот на турнирот. Ако се движите пијано низ бизнис центарот, тое а епрекршок, може да преспиете в затвор. Неморално однесување на жените (тешко се дефинира) исто тка може да ве однесе пред истражна полиција и да преспиете в затвор. Населението не сака да гледа многу немуслимани, и не преферира да има многу жени по улици. Инаку, се е ок.


На Мундијалот учествуваат 32 репрезентации поделени во осум групи, а учествуваат две селекции од Балканот – Србија и Хрватска. Титулата светски првак ја брани Франција која во финалето на СП 2018 во Русија ја совлада Хрватска со 4:2.
Шампионатот во Катар го носи епитетот историски поради две причини – првпат се игра во зимскиот период и досега домаќин не била земја од арапскиот свет.
Програмата од седум чина ќе ја водат уметници кои ќе се обидат да ја поврзат катарската традиција со светската култура, а во своите настапи ќе им оддадат почит на сите репрезентации кои ќе настапат на Мундијалот.
Домаќините најавија серија изненадувања за време на церемонијата, а познато е дека јужнокорејската поп ѕвезда Јунг Кук од бендот БТС заедно со катарскиот пејач Фахад ал Кубаиси ќе ја изведат композицијата „Сонувачи“, официјалната химна на ова Светско првенство. Една од многуте кои го добија епитетот официјален соундтрак односно химна.


1022