April 18, 2024

Користи зимска опрема- превентивна активност на СВР Битола и РСБСП

Полициски службеници при СВР Битола во соработка со претставници на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата заедно со учениците од средното сообраќајно училиште “Таки Даскалот“ денеска (23.11.) спроведоа превентивно едукативна активност во Битола, а посветена на користењето на зимската опрема.
При тоа на возачите им беа делени летоци со едукативна содржина за важноста и обврската за поседување и носење на зимска опрема во возилата во текот на зимскиот период, согласно нормативната обврска според која што од 15 ноември до 15 март возачите се обврзани да ја поседуваат и користат зимската опрема.


1017