December 5, 2022

Објавен трејлерот од филмот за Ќемал Ататурк што се снимаше во Битола

На повеќе локации во Битола и околината се снимаше серијата „Ататурк“ во продукција на турската продуцентска куќа „Ланистар медиа“, во соработка со македонската продуцентска куќа „Сектор филм“. Овој проект е финансиски поддржан од каналот „Дизни+“, каде што ќе се емитува серијата.

Серијата ќе го обработува животот на светскиот револуционер и државник Мустафа Кемал Ататурк и ќе има шест епизоди.

Главната улога ја толкува младата актерска ѕвезда Арас Булут Ијнемли, познат на македонските гледачи преку неговите улоги во сериите „Како што минува времето“,
„Сулејман Величествениот“, „Јама“ и други. Покрај него, серијата има голема актерска екипа составена од бројни познати турски актери и актерки, како и светски актерски
имиња од Америка, Србија итн. Покрај бројната турска екипа, во снимањето беше вклучена и голема македонска екипа.

„Дизни+“ неодамна објави трејлер за серијата, иако деталите поврзани со неа засега остануваат доверливи.

Трејлерот го открива тогашниот потполковник Мустафа Кемал пред битката кај Чунук Баир, изговарајќи адаптирана верзија на стиховите на турскиот писател Намик Кемал: „Нека непријателот ја залепи својата кама во срцето на татковината, ќе видат човек кој ќе ја спаси црната судбина на мајка си“.

Арас Булут Ијнемли ќе ја толкува улогата на Ататурк, а се шпекулираше дека ќе глуми со светски познатата актерка Ема Вотсон.

Премиерата на серијата ќе се емитува на 100-годишнината од републиката.

Извор: Dailysabah.com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *