Од билтенот на МВР

Денес (04.12.2022) во 02.35 часот во угостителски објект на градско шеталиште во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Е.А.(35) и С.Р.(47), двајцата од Битола, затоа што кај нив била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Исто така во 02.15 во угостителски објект на ул.„Партизанска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Д.Т.(25) од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.


1083

Задолжително

Verified by MonsterInsights