April 20, 2024

ПРЕТПРАЗНИЧНО Н❤️ВАЦИ!

Општина Новаци во претпразнично руво во пресрет на новогодишните и божиќните празници.
Покрај елката висока 7 метри и украсениот двор на општината каде ќе се одржи новогодишен панаѓур и детска претстава со популарниот лик БИБИ на 28 и 29 декември со почеток во 10 часот, пред Општина Новаци поставен е знак со букви Н❤️ВАЦИ, со цел да ја разубави општината, да стане препознатлив знак за неа и атрактивно место за фотографирање.
Знакот Н❤️ВАЦИ е поставен по примерот на голем број градови и општини во Македонија и Европа.


1018