ВО САБОТА НА МАГНОЛИЈА ЗДРУЖЕНИЈАТА ОД БИТОЛА ОРГАНИЗИРААТ ХУМАНИТАРЕН БАЗАР

Под мотото ШИРОК СОКАК НОСИ РАДОСТ пет здруженија на граѓани од Битола, оваа сабота, 24.12.2022 година, ќе го организираат Вториот Хуманитарен базар, на кој ќе биде претставена македонска, турска, албанска и ромска храна. Базарот ќе започне точно напладне, а покровител и оваа година е Општина Битола. ШИРОК СОКАК НОСИ РАДОСТ ќе се одржи во рамките на Зимската Приказна, новогодишна програма во организација на Општина Битола
