Објавен скандал на екс-власта на СДСМ во Карбинци

Градоначалникот на Општина Карбинци на својот ФБ профил го објави скандалот од претходната локална власт на СДСМ што ви го пренесуваме интегрално:

Почитувана јавност
На денешната седница на совет на општина Карбинци обелоденивме скандал за работењето на претходната власт на кој никој од сдсм нема одговор!
Во период на избори од општина Карбинци неконтролирано се трошело гориво за службените возила на општината.
Имено, ќе дадам само еден пример:
632,5 литри нафта за време на викенд во неработни денови каде е фактурирано на возилото ,,Багер” кое има максимален капацитет од 140л. а потпишано од директорот и поранешниот градоначалник.
Многу нелогичности се во прашање. Дали овде има очигледна злоупотреба? Како може едно возило за помалку од 24ч. да потроши речиси 1 тон нафта?
Како се трошело народни пари и за какви цели пресудете сами, а одговорноста наскоро и ќе ја има!


1206

Задолжително

Verified by MonsterInsights