Општина Новаци се грижи за најранливите групи во општеството
По повод новогодишните и божиќните празници, Општина Новаци набави 34 новогодишни пакетчиња за дечињата од градинката Бамби, 224 пакетчиња за децата од основното училиште, 20 пакетчиња за Здружението на лица со оштетен вид,36 детски пакетчиња и 52 пакети со прехрамбени продукти наменети за повеќедетни семејства и лица од ранливите категории и истите беа донирани.
Целта е да се сподели празничната атмосфера и да се пренесат најубавите желби за Новата 2023 година.