Клиниката „Жан Митрев“ со донации за пациентите во Демир Хисар

Молбата на социјален работник од Психијатриската болница во Демир Хисар брзо добила одговор – Клиниката „Жан Митрев“ започнува серија донации за подобри услови за престој и третман на пациентите.

Клиниката „Жан Митрев“ започнува реализација на серија донации за Психијатриската болница во Демир Хисар, со цел подобрување на условите во кои престојуваат и се лекуваат пациентите.

Иницијативата започнала по средбата и воспоставеното пријателство меѓу д-р Жан Митрев и Горан Шундовски, социјален работник во болницата. По упатената молба за поддршка, д-р Митрев ја прифатил иницијативата и започнал процесот на реализација на донациите.

„Понекогаш животот пишува сценарија што ниту самите не би можеле да ги замислиме. Водени од истата мисија – да им помагаме на луѓето, секој во својот домен, му се обратив на д-р Митрев со молба да подаде рака за нашата институција. Неговата брза реакција, огромна емпатија и несебичност се доказ дека кога луѓето се водени од вистински вредности, се раѓаат дела што го менуваат општеството на подобро“, истакна Шундовски.

Тој изрази благодарност за поддршката, нагласувајќи ја важноста на човечноста и солидарноста кон оние на кои им е најпотребна помош.

Донациите ќе се реализираат во повеќе наврати и се очекува да придонесат за подобрување на условите за престој и поквалитетна грижа за пациентите во Психијатриската болница во Демир Хисар.


1125

Задолжително

Verified by MonsterInsights