Кире Климески, ВМРО Народна партија: во 2023 нема да се случат драстични промени во градот
Предновогодишно, додека советниците размислуваа, расправаа и гласаа за Буџетот на Општина Битола, pelanet.mk ги праша На / За што се надеваат во 2023 година како советници.
Кире Климески е советник од ВМРО Народна партија, составен дел од коалицијата „Најдоброто за мојата општина“
„Во 2023 година согласно програмите што ги разгледувавме на Советот и буџетот, доста програми ги поддржавме со цел да не правиме застој во активностите на општината и му дадовме можност на градоначалникот и на општинската администрација да направат нешто добро за градот , да почнат со планираните активности кои ги имаат за градот зацртано.
Меѓутоа, дека ќе се случат некои драстични промени од 2022 година не мислам дека ќе има бидејќи во нив не видов некои големи проекти , некои големи инвестиции. Се беше само како тековно одржување се тоа што е нормално за едне обичен ден во градот.
Честитка за граѓаните , да се здрави и живи, Господ здравје да им дава, мир, радост, среќа, да го имаат се тоа што неможе да се купи со пари. “