Зоран Петковски, ВМРО-ДПМНЕ : Во 2023 сите спортски клубови „Пелистер“ да бидат успешни
Предновогодишно, додека советниците размислуваа, расправаа и гласаа за Буџетот на Општина Битола, pelanet.mk ги праша На / За што се надеваат во 2023 година како советници.
Зоран Петковски е советник од партијата ВМРО-ДПМНЕ.
„Во 2023 година се надевам ќе продолжи да се работи на проектите за Битола, да се задржи континуитетот на проектите кои ги имавме и да се продолжи со истото темпо, истата динамика. Се надевам да се подобри животот на битолчани во секоја сфера/бранша од секој аспект. Ние тука како Совет и ние како советници ќе помогнеме колку што е можно повеќе прифакајќи ги предлозите на граѓаните. Се надевам сите советници да бидеме поконструктивни и транспарентни за да знае цел град што и како се работи во/за Битола.
Посебно, јас сум човек од спортот и, им посакувам на сите спортски клубови, професионални или аматерски клибови и спортски здруженија повеќе пехари и титули оваа година. Овде се осврнувам кон ракометниот и кошаркарскиот клуб „Пелистер“ и ракометниот клуб „пелистер – Еурофарм 2“ и фудбалскиот кллуб „Пелистер“, едните се борат за титули а другите за враќање од втора во прва лига. “