Мирјана Захариевска Ралевска, СДСМ: И во 2023 СДСМ ќе работи за интересот на битолчани

Предновогодишно, додека советниците размислуваа, расправаа и гласаа за Буџетот на Општина Битола, pelanet.mk ги праша На / За што се надеваат во 2023 година како советници.


Мирјана Захариевска Ралевска е совентник од редовите на Социјал демократскиот сојуз на Македонија .


„Во новата 2023 година на битолчани им посакувам могу здравје и нивно остварување на секое поле. Како советник секогаш останувам отворена за сите нивни барања, сугестии и проблеми. Од друга страна, во Советот очекувам плодна, конструктивна работа, а донесеме здрави, некогаш и револуционерни одлуки, се во интерес на битолчани и поубава Битола. Без разлика дали СДСМ е власт или опозиција, секогаш докажува конструктивност, работи за интересот на битолчани и донесува најдобри решенија за сите. И јас и сите ние сме советници затоа што веруваме дека можеме да им помогнеме на граѓаните во решавање на нивните проблеми. “


1192

Задолжително

Verified by MonsterInsights