Иван Чулаковски, Поинаку: Во 2023 да го видиме Копанки и развој на туризмот на Пелистер

Предновогодишно, додека советниците размислуваа, расправаа и гласаа за Буџетот на Општина Битола, pelanet.mk ги праша На / За што се надеваат во 2023 година како советници.

Иван Чулаковски е советник од независната група Поинаку.

„Со предлозите што ги имавме како амандмани на денешната седница и со тоа што го имаме во нашата програма се надеваме на реализација на добар дел од нив и, се надевам дека во 2023 година ќе го видиме Копанки (домот н.з). ќе видиме развој на туризмот на Пелистер конечно, ќе видиме многу туристи во градот и ќе пробаме Битола да ја направиме зелена и убава така како што заслужува.
Битолчани добро ме познаваат јас најмногу што се борам и сакам да направиме Пелистер да прерасне во еден огромен скијачки центар којшто сам по себе ќе повлече многу туристи и бенефит за градот.

Мислам дека е време да почнеме да гледаме во градот некакви бројки коишто ќе ни донесат некакви пари и мислам дека туризмот моментало е најбрзиот начин на кој што може Општина Битола да заработи.


На граѓаните на Општина Битола им ја честитам Новата и година и Божиќните празници и посакувам многу здравје, другото ќе го средиме. “


1380

Задолжително

Verified by MonsterInsights