Жанета Ангелевска, Подем : Во 2023 повеќе инвестиции за зоолошката градина

Предновогодишно, додека советниците размислуваа, расправаа и гласаа за Буџетот на Општина Битола, pelanet.mk ги праша На / За што се надеваат во 2023 година како советници.
Жанета Ангелевска е од патијата Подем, составен дел на коалицијата „Обнова за Македонија“.
„Сакам на сите сограѓани да им посакам многу здравје, среќа, љубов, новогодишните и божикните празници да ги минат во мир и благосостојба.
2023 година се надевам дека ќе биде многу повеќе исполнета мојата советничка работа, се надевам ќе се реализираат предвидените проекти бидејќи ние како Совет донесуваме одлуки кои предизвикуваат , донесуваат промени во нашиот град; Битола како конзулски град да го добие изгледот кој го заслужува.
Се надевам дека Подем како дел од владеачката коалиција успешно ќе го трасира политичкиот пат, а исто така и двата директори на ЈП Пазари и Зоолошката градин. Очекувам тие добро да менаџираат со претпријатијата. Но, во Зоолошката ќе треба могу повеќе да се вложи за да биде репрезент на градот. Знаете, таа е единствената зоолошка градина во поширокиот регион од Солун наваму. “
