March 28, 2024

Горан Велевски, Левица: Немам никакви очекувања за локалната самоуправа за 2023

Предновогодишно, додека советниците размислуваа, расправаа и гласаа за Буџетот на Општина Битола, pelanet.mk ги праша На / За што се надеваат во 2023 година како советници.
Горан Велевски е советник од Левица.
„Како советник кој потекнува од една опозициска структура овде во Општината, немам никави очекувања за 2023 година апсолутно. Ако зборуваме на политичка тема, од онаа ситуација којашто ја гледаме во општината, она задолжување кое сеуште го имаме, енергетска криза, издвоени пари за нивни капитални проекти, во идната 2023 нема простор, нема ресурси за нешто да се промени.
Ако разговараме во контекст на политичките партии, на објавите кои го покажуваат нашиот рејтинг пред недела дена, имаме пораст од 4% од претходните избори, а тоа значи дека на предвремени избори би имале околу 10 до 12 пратеници. Така што ние сме спремни и утре да има парламентарни избори или редовнитее во 2024 ние имаме поддршка од граѓаните и во секој случај без Левица нема наредно да се направи влада. Имаме свои црвени линии кои ќе ги поставуваме и во иднина и спремни сме на секое поле.
И на локално ниво ја чувствуваме поддршката, имаме поддршка од народот. Ние секогаш одиме самостојно, не одиме со ниту една коалициона структура како што го направи тоа Поинаку со ВМРО-ДПМНЕ и секогаш ќе бидеме самостојни затоа што нашата левичарска идеологија е малку различна, ние сакаме да се грижиме за социјално ранливите категории. Имаме идеологија којашто ја презентираме во јавноста колку што можеме и веќе сме препознатливи на политичката сцена. “


1050