December 7, 2023

Анета Ѓоргиевска, ВМРО-ДПМНЕ : Во 2023 да ги вклучиме аутистичните деца во нашите животи

Предновогодишно, додека советниците размислуваа, расправаа и гласаа за Буџетот на Општина Битола, pelanet.mk ги праша На / За што се надеваат во 2023 година како советници.


Анета Ѓоргиевска е советик од ВМРО-ДПМНЕ.


„Се надевам, очекувам 2023 година да биде исполнета со среќни моменти во секој битолски дом.
Секое дете, па и децата со аутистичен развој да имаат можност да се вклучени во сите сфери на живеење во нашиот град. Тоа значи инклузија во детските граинки, основните и средните училишта. Инклузија секој ден во зависност од потребите, способностите и можностите на секој поединец.
Во 2023 година очекувам сите заедно да им овозможиме подобро утре на овие деца.“


1141