April 16, 2024

Д-р Александар Димовски, СДСМ: конструктивен Совет и завршување на некои од проектите што останаа

Предновогодишно, додека советниците размислуваа, расправаа и гласаа за Буџетот на Општина Битола, pelanet.mk ги праша На / За што се надеваат во 2023 година како советници.


Д-р Александар Димовски е советник од СДСМ и предводник на коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ во Битола.


„ Како советник се надевам да бидеме поконструктивни во Советот, некои работи што не ги завршивме да ги завршиме во оваа наредна 2023 година да биде подобра за сите што живееме во овој град.
Во новата година се надевам на многу љубов, многу здравје и мир.
На битолчани им препорачувам да имаат повеќе време за себе, за своите блиски, да бидат исполнети со љубов и здравје и да имаат прекрасни доживувања. Новата година дава нова надеж дека убавите работи од минатата година ќе траат, а лошите нема да се повторат. Од срце посакувам секој ден од новата година да биде исполнет со љубов, здравје, радост и мир.
Среќна нова година.“


1152