June 6, 2023

Д-р Михајло Вангелов, ВМРО-ДПМНЕ: Во 2023 зголемување на зелените површини во градот и заживување на улица „Партизанска“

Предновогодишно, додека советниците размислуваа, расправаа и гласаа за Буџетот на Општина Битола, pelanet.mk ги праша На / За што се надеваат во 2023 година како советници.


Д-р Михајло Вангелов е советник од ВМРО-ДПМНЕ.


„Во 2023 година се надевам на повеќе здравје кај граѓаните, на помалку завист и лошотилок кај граѓаните и , се надевам на повеќе среќни лица.


Сите проекти кои се планирани се за доброто на нашите граѓани. Најреална (за 2023н.з) е изградбата на тие 25 улици. Ќе се направи проектот за спортскиот комплекс, тоа е една голема капитална инвестиција и, од денеска овие новите амандмани кои ги поднесовме како политичка партија се надевам дека ќе се остварат; тоа е „Green“ проектот, тоа е посадување на голем број на зелени површини, дрвја, тревнати површини,потоа реконструкција и заживување на „Партизанска“ улица со поставување на клупи, канделабри …Сите тие проекти се за доброто на граѓаните и сакам да нагласам дека секој проект што граѓанинот може да го воочи, да го види , да го почувствува има многу поголем ефект отколку некои други за коишто може само да сонуваме.


Посакувам среќни новогодишни и божикни празници на граѓаните, да имаат слога, здравје и љубов во своите семејства. “


1024