Кети Неделковска, СДСМ : Во 2023 поинаков Совет кој нема да е свртен кон минатото

Предновогодишно, додека советниците размислуваа, расправаа и гласаа за Буџетот на Општина Битола, pelanet.mk ги праша На / За што се надеваат во 2023 година како советници.
Кети Неделковска е советник од СДСМ.
„Како советник се надевам на поинаков совет. Совет кој ќе биде конструктивен, кој ќе соработува, совет кој нема да ги споменува работите коишто поминале – нема да се вратат. Совет којшто ќе гледа во иднина, совет којшто ќе работи за нашите граѓани. Таков Совет е надеж, желба и мојата визија.
Вчера на седницата слушнавме за многу проекти од некои директори на јавните претпријатија, некои многу амбициозни, луѓето се со ентузијазам и, би сакала такви работи и проекти да поддржувам. Но сега во ова кризно време не знам што би можело целосно да се реалзира во вакви услови, ние не знаеме што утре не чека, што ќе произлезе, но секогаш ќе давам поддршка за планови и проекти кои се добри за граѓаните, жителите на Битола за кои значат развој.
Посакувам само здравје, народот да биде посреќен, понасмеан, да не размислува многу за проблемите. Животот е таков, секој знае каков, се трудиме, сите ќе работиме, колку ќе реализираме… и тоа не знаеме….
Среќна Нова година на сите и среќни Божикни празници. “
