Лидија Павловска, ВМРО-ДПМНЕ: Во 2023 учениците безбедно да стигнуваат во училиштата, а таму да им биде пријатно

Предновогодишно, додека советниците размислуваа, расправаа и гласаа за Буџетот на Општина Битола, pelanet.mk ги праша На / За што се надеваат во 2023 година како советници.
Лидија Павловска е советник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“.
„Мојата надеж е да гледам среќни и насмеани лица во Општина Битола. Бидејќи доаѓам од секторот образование, посакувам сите деца да живеат во љубов во своите семејства, да не им се повторат годините од пандемијата и да можат и во оваа година да ја поминат со своите другарчиња во училишните клупи.
Се надевам да се реализираат сите проекти кои се предвидени во програмата за образование на Општината која предвидува еднократна помош за секое прваче, смирување на сообраќанјот пред училиштата со поставување вертикална и хоризонтална сигнализација, доделување на стипендии на средношколци кои ќе се запишат на Архитектонски или Градежен факултет со што ќе се обезбеди квалитетен кадар кој е насушно потребен во Битола, и, поддршка на талентираните и надарени деца како мотивација за освојување на високи успеси и награди, кои истовремено го промовираат нашиот град.
Најмногу се надевам дека секое дете во 2023 ќе има учебник со шго се олеснува работата и на учениците и наставниците. Во таа насока се надевам дека ние, општината , ќе можеме некако да помогнеме на учениците. “
