April 19, 2024

Борче Корлевски, СДСМ : Во 2023 заеднички да делуваме за граѓаните проектите да ги чувствуваат како свои

Предновогодишно, додека советниците размислуваа, расправаа и гласаа за Буџетот на Општина Битола, pelanet.mk ги праша На / За што се надеваат во 2023 година како советници.


Борче Корлевски е советник од СДСМ.


„Моите надежи како советник се во 2023 година конечно ние ќе се здружиме заеднички, ќе најдеме единство и разбирање, ќе завршат поделбите и ние како советници ќе бидеме дел од тоа. Доколу успееме тоа да го направиме мислам дека ќе биде најголемата победа и после се друго што планираме … нема да имаме проблеми ни дискусија ниту расправија дали треба или не треба да се реализират, колку или како. Единствена желба или очекување и, ќе работам на тоа како мисија ми е сите да се зближиме, заеднички да делуваме без оглед на политичка,верска или национална разлика. Тоа за градот ќе значи развој, бидејќи политичката разединетост и меѓу граѓаните, што е многу лош факт за жал. Тогаш ќе имаме надеж кај граѓаните и поткрепа , поддршка . И за се она што е добро направено, реализирано, дали ќе биде парк, мост, улица итн. ниту ќе се урнисува, ниту ќе се разнебитува туку, граѓаните ќе го чувствуваат како свое без оглед на која политичка, етничка или верска група припаѓаат. Тоа значи дека ќе намалиме од вниманието за тоа кој го направил или кому му текнало.
Среќна Нова година


1090