June 6, 2023

Анастасија Трајковска, ДОМ: Во 2023 успешно да го завршиме Генералниот урбанистички план што е визија за градот

Предновогодишно, додека советниците размислуваа, расправаа и гласаа за Буџетот на Општина Битола, pelanet.mk ги праша На / За што се надеваат во 2023 година како советници.


Анастасија Трајковска е советник од партијата ДОМ , дел од коалицијата „Најдоброто за мојата општина“.


„Ја честитам Нова година на сите граѓани на Битола.
Моите надежи за 2023 година како советник се да се исполнат заедничките делови од програмите што ги имавме сите партии, особено заштитата на животната средина. И, да престанеме да ги делиме проектите на мои, твои, ваши или нивни. Сите да бидеме насочени кон реализирање на проектите кои се во заеднички интерес на граѓаните на Битола и да помогнеме токлку колку што можеме.
Еден од проектите кој за мене беше многу важен е отпочнувањето на постапката за генералниот урбанистички план. Мора да бидеме свесни дека задолжително е да биде вклучена стручната фела и сите политички структури без разлика дали централната или локалната власт за да имаме успешен генерален урбанистички план затоа што , тоа не е за сега туку, тоа е долгорочна визија за градот и ќе донесе бенефит за сите. “


1006