Жаклина Наумовска , СДСМ: Навивам за сите проекти во 2023 ветеното да не биде празна флоскула

Предновогодишно, додека советниците размислуваа, расправаа и гласаа за Буџетот на Општина Битола, pelanet.mk ги праша На / За што се надеваат во 2023 година како советници.
Жаклина Наумовска е советник од СДСМ.
„Како граѓанин се надевам првин на здравје и среќа. На битолчани им ја посакувам целата среќа на овој свет и целото здравје на овој свет.
Како советник се надевам дека за се она што се залагаме во Советот и ние и власта која раководи со Општина Битола , дека ќе имаме многу успеси , дека се тоа што се кажува и им се нуди на граѓаните нема да биде само празни флоскули и празни ветувања, бидејќи сигурна сум дека на битолчани им е преку глава дојдено од празни ветувања.
Јас навивам за сите проекти. Проектите и од инфраструктура за којашто барем во нашиот четиригодишен мандат вложивме многу напори, оставивме на сегашната власт многу проекти со кои ние се гордееме а и тие треба да се гордеат, му оставивме година во која имаше што да работат.
Продолжуваме понатаму, се надеваме и наредниот мандат од четири години ќе го има истиот старт како што ние го оставивме на оваа владеачка гарнитура
