Ѓорги Ѓоргиевски, ВМРО-ДПМНЕ : 2023 за Битола ќе биде година на инфраструктура

Предновогодишно, додека советниците размислуваа, расправаа и гласаа за Буџетот на Општина Битола, pelanet.mk ги праша На / За што се надеваат во 2023 година како советници.
Ѓорги Ѓоргиевски е советник од ВМРО-ДПМНЕ.
„Како граѓанин на Битола и Република Македонија првин би почнал со генералната тема, би посакал здравје за сите граѓани на Република Македонија и тоа е најважно во овие тешки времиња според мене. Очекувам дека во 2023 година конечно ќе се стабилизира оваа економска криза, граѓаните малку ќе излезат од кризата што не зафати сите како држави.
Се надевам на смена на власта во 2023 и предвремени парламентарни избори со цел да имаме нова влада којашто би ја стабилизирала државата и би отишла во некој нов правец , позитивен правец посакуван од сите нас.
Кога би се спуштил на локално ниво, како советници пред нас е буџетот на Општина Битола. Креиран е од сите граѓани, имаше неколку форумски сесии, четири, на кои се слушнаа идеите и предлозите од граѓаните, од месните заедници, од урбаните заедници, од сите чинители во градот и овој буџет што сега ќе го изгласаме на денешната седница на Совет ќе биде вистински буџет на односно од граѓаните- развоен, со неколку капитални големи проекти за Општина Битола кои ќе значат многу. На пример би ги споменал новиот парк во нова Битола, изработката на ГУП почнува ефективно во 2023 да се работи, стационарот за бездомни животни мислам дека ќе биде во функција, детската градинка во АРМ, зградата за ТППЕ и, уште 40тина инфрасутруктурни, големи проекти улици, канализациони водоводни мрежи итн.
На крај би завршил моја оценка е дека 2023 година за Битола ќе биде година на инфраструктура
