Мерита Исмајловска, ДУИ : Во 2023 со заеднички напор Битола да нуди перспектива за младите

Предновогодишно, додека советниците размислуваа, расправаа и гласаа за Буџетот на Општина Битола, pelanet.mk ги праша На / За што се надеваат во 2023 година како советници.
Мерита Исмајловска е советник од ДУИ, во коалицијата „Најдоброто за мојата општина“.
„Се надевам, со заедничка работа која ќе ги подобри условите за живот на сите граѓани, заедно во мултиетничка и мултикултурна Битола да бидеме дел од најуспешната година.
Најмногу сепак се надевам на сигурност за младите.
Се надевам, со добра воља, убедување и храброст и заеднички напор да изградиме за младите перспектива и можности како што ги имаат во Европа, во европските градови. Знаете мојот пат до успехот , постигнување на ваквите заложби го продолжувам со сите Вас почитувани граѓани, а мора да се знае дека клучот за сонот не е да се фокусирате на успехот туку на значењето. Само тогаш малите чекори и малите победи ќе Ви значат многу.
На крај ј да им ја честитам Новата година на сите мои сограѓани битолчани,
Gezuar Viti I Ri Mutlu yilar – Среќна Нова Година
