Д-р Ненси Лозанче, ВМРО-ДПМНЕ: Во 2023 ќе ја продолжиме соработката со граѓаните за реализација на програмите
Предновогодишно, додека советниците размислуваа, расправаа и гласаа за Буџетот на Општина Битола, pelanet.mk ги праша На / За што се надеваат во 2023 година како советници.
Д-р Ненси Лозанче е советник од ВМРО-ДПМНЕ.
„Се надевам на продолжување на одличната соработка со граѓаните, на која се должи програмата за 2023 година, така што искрено се надевам и верувам на реализација на таа програма во годината што следува.
Посакувам среќни, задоволни насмеани битолчани. Посакувам да престанат солзите на болните кои немаат лекови или не можат да го реализираат своето право за добивање на соодветна медицинска помош.
Конечно, за да се исполнат желбите на граѓаните посакувам во 2023 година да имаме предвремени парламентарни избори и победа на ВМРО-ДПМНЕ, партија која сака, знае и има капацитет да ја извади од дното Република Македонија, држава која за жал е на работ на својот опстанок.
На крај, на сите битолчани им ги честитам Божикните и Новогодишните празници, им посакувам пред се добро здравје, многу љубов и Божји благослов за смиреност.