Методија Илиевски, СДСМ : Без разлика од која партија доаѓаме придонесуваме за Битола
Предновогодишно, додека советниците размислуваа, расправаа и гласаа за Буџетот на Општина Битола, pelanet.mk ги праша На / За што се надеваат во 2023 година како советници.
Методија Илиевски е советник од СДСМ , а истовремено е и координатор на советничката група од коалицијата „Најдоброто за мојата општина“.
„Пред се посакувам добро здравје на сите сограѓани.
Да помогне оваа година нашиот град да оди напред, да ја пребродиме оваа економска криза, целиот свет и нашата република да живее во благосостојба. Се надевам дека со нашата работа како советници иако моментално како опозиција во Советот на Општина Битола, ќе помогнеме што повеќе да се развива градот.
И во 2023 ќе бидеме конструктивна опозиција која ќе дише во врат на сегашната позиција и се надевам дека ќе ги испровоцираме колегите советници да направат што повеќе проекти, тоа што навистина им е потребно на битолчани. Нашиот град е мултикултурен, а верувам дека со чесна и искрена работа без разлика од која политичка партија доаѓаме, без разлика од каде доаѓаме, дека може да придонесеме за доброто на Општината. “