March 28, 2024

Васко Ковачевски: за АД ЕСМ и за Северна Македонија е значајна енергетската
поддршка од Турција во услови на криза

На средбата со енергетската делегација од Турција одржана во Владата на Р.Северна Македонија, директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, го запозна министерот за енергетика Фатих Донмез и членовите на делегацијата, со капацитетите на АД ЕСМ, производството на електрична и топлинска енергија, како и менаџирањето во услови на енергетска криза. Директорот Ковачевски истакна дека е добро во време на енергетска криза да имаме поддршка од Турција,која располага со зголемени можности и капацитети за производство на електрична енергија, и особено за снабдување со природен гас.
Турција стана голем регионален центар за складирање и испорака на природен гас, и за АД ЕСМ и за Северна Македонија е значајно да имаме сигурно и стабилно снабдување со овој енергенс, поради потребите во кризата со електрична енергија, а особено во делот на кризата со топлинска енергија, и очекуваме во иднина да имаме поддршка од Турција на ова поле.


Со претставниците на турската државна компанија БОТАШ, чија примарна дејност е продажба, испорака и складирање на природен гас, разменети беа информации и искуства од работењето на двете компании, и во текот на јануари ќе биде одржана посебна средба меѓу АД ЕСМ и БОТАШ во однос на снабдувањето со природен гас, на која средба ќе се разговара и за енергетските капацитети, можностите за снабдување со енергенси и другите опции за помош и поддршка од
Турција во делот на енергетиката.

Извор: ЕСМ


1017