April 19, 2024

Никола Зацески величествен во новогодишната ноќ

Нашиот млад уметник, музичарот Никола Зацески, приреди незаборавен концерт за време на новогодишната ноќ на платото пред Офицерскиот дом во Битола.

По тој повод, извонредниот Зацевски ексклузивно за ПелаНет ја даде следната изјава:

Ова за мене беше еден голем почеток и мотив во новата година за мојата кариера, огромна чест и задоволство ми беше да ја дочекам новата година на плоштадот во моето родно место заедно со моите Битолчани, кои ми дадоа несебична поддршка и на температура под нулата.
Исто така благодарен сум на мојот бенд “Мелем” што го одработи на највисоко и професионално ниво овој настан и заедно споделивме преубава енергија со публиката.
За крај само сакам да се заблагодарам до сите што веруваа и ме поддржаа овие сите години. Бидете ми здрави, живи и се најубаво, Среќна Нова Година и Среќни Божиќни празници…!!


1281