April 20, 2024

Денеска во македонската влада беше потпишан Договорот за надзор и правен трансакциски советник за изградба на Коридор 8 и Коридор 10-Д. Договорот е потпишан со компанијата „IRD ENGINEERING“ која е избрана за надзор и правен трансакциски советник за изградба на Коридор 8 и Коридор 10-Д.
На настанот присуствуваа и имаа обраќање премиерот Ковачевски,и првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, заменик-министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми и директорот на „IRD Engeineering“, Паоло Орсини.
Со потпишувањето на овој Договор, отпочнуваат активностите за имплементација на Проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 за автопатските делници Тетово-Гостивар-Букојчани и Требеништа-Струга- Ќафасан и на Коридорот 10-Д за делницата на автопатот Прилеп-Битола.
Kоридор Х е еден од паневропските сообраќајни коридори. Се протега помеѓу Салцбург во Австрија и Солун во Грција. Коридирот проаѓа низ Австрија, Словенија, Хрватска, Србија, Македонија и Грција. Има четири ограноци: Xa, Xb, Xc и Xd.
Коридорот Xd се протега помеѓу Велес – Прилеп – Битола – Лерин – Игуменица
Проектираниот и започнат пат Велес-Прилеп треба да го користи планинскиот превој Дервен. Но, најчесто се користи алтернативата Велес – Росоман – Плетвар – Прилеп, преку планинскиот превој Плетвар. Планот предвидувапе изградба на експресен пат на делницата Росоман-Фаришка клусура, па магистралиот пат Прилеп-Битола, па магистралниот пат Битола-Меџитлија.
Патот во Грција од граничниот премин Ники до Лерин е автопат. Потоа се продолжува по експресен пат до Птолемаида, каде започнува автопат. Оттаму, па сè до Кожани е автопат. Потоа, тој автопат се вклучува на автопатот Егнатиа / Игнација кој води сè до Игуменица.


1034