April 20, 2024

“Оној што копнее, што работи да ја присоедини кон Бугарија или кон Грција, тој може да се мисли за добар Бугарин или за добар Грк, но не и добар Македонец. Таквиот Бугарин или Грк го поддржува и вечниот раздор меѓу балканските народи, кои треба да живеат во братска дружба за да бидат пресреќни. Македонија им припаѓа на сите Македонци, без разлика на религијата, нацијата и јазиците, во утрешна слободна Македонија и преку неа ќе се здружат сите балкански народи” – Говор на Гоце Делчев во Преспа во есента 1901 година (извадок од романот на Димитар Талев “Илинден“).

Младите од ВМРО-ДПМНЕ во пресрет чествувањето на роденденот на Гоце Делчев во истоимениот студентски дом направи акција за да ги потсети сите дека Гоце е Македонија, дека Гоце Делчев е фигура којашто обединува и да кажеме НЕ на сите обиди на македонската Влада или на некои странски Влади да го злоупотребат споменот на Гоце Делчев за внесување поделби и раздор во македонското општество.

„На овој чекор се решивме бидејќи бевме сведоци на невештото и по малку сервилно и недостоинствено постапување на властите во Македонија, почнувајќи од претседателот, парламентарното мнозинство и Владата кои чествувањето на споменот на нашиот великан го направија безбедносно прашање за кое дури заседаваше и Советот за безбедност.“- пишува во соопштението на оваа партиска организација.


1024