April 20, 2024

И Пендаровски присуствуваше на одбележувањето 151 година од раѓањето на Делчев

„Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на државниот свечен настан и одбележувањето по повод раѓањето на Гоце Делчев.“- стои во соопштението од кабинетот.

Свеченоста подразбираше поклонување пред вечното почивалиште на Великанот без никаква изјава од претседателот на државата. Па така , во информацијата на официјалната страна стои уште:

„Во чест на 151 годишнината од раѓањето на великанот на македонското револуционерно дело и државност, претседателот Пендаровски положи свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште во дворот на црквата „Св. Спас“ во Скопје. Покрај претседателот Стево Пендаровски, свежо цвеќе положија претставници на државниот врв, министри во Владата, пратеници во Собранието и претставници на политичките партии.“


1018