December 6, 2023

Владина делегација положи венец на почивалиштето на Гоце Делчев

„Владино-државна делегација денеска присуствуваше на одбележувањето на 4-ти февруари – денот на раѓањето на великанот и инспиратор на македонското револуционерно дело и државноста, Гоце Делчев, во црквата Свети Спас во Скопје.“- стои во соопштението до владата на РМ.

И за функционерите од владата не беше предвиден директен разговор со медиумите, а во соопштението понатаму се вели:

„Владината делегација, предводена од претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, составена и од првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, министерката за одбрана, Славјанка Петровска, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, положи свежо цвеќе и оддаде почит на истакнатиот револуционер, Гоце Делчев, за неговиот водечки придонес во борбата за слобода и за македонската државност.

Идеалите на големиот визионер Гоце Делчев, кој пред повеќе од еден век го разбрал светот како поле за културен напредок меѓу народите, се разбран аманет и патоказ за политиките на Владата на Република Северна Македонија, поставени на дијалогот и на почитувањето, како врвни културолошки и цивилизациски придобивки.

Пораките на Делчев за единство и сплотеност, кога станува збор за националните интереси и за државните стратешки цели се подеднакво актуелни и денес. И се света обврска за секого, додека ја градиме Република Северна Македонија во Едно општество за сите граѓани и ја интегрираме, по најголемиот безбедносен сојуз, НАТО, што е веќе реалност и како полноправна и рамноправна членка на Европската Унија, во семејството на европски народи и држави.“


1013