April 20, 2024

ВМРО-ДПМНЕ одбележа 151 година од раѓањето на Гоце Делчев

Со партиска поворка од членови и високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ од седиштето на партијата до црквата Св. Спас се одбележа годинешното чествување на раѓањето на Гоце Делчев. А делегација од 5 члена положи венец на вечното почивалиште на македонскиот великан.

„Денеска е голем ден за секој чесен, честит Македонец кој што може на ваков начин да го одбележи денот на раѓањето на титанот, на великанот Гоце Делчев. И ние како ВМРО-ДПМНЕ, зад нас е Патриотскиот институт кој што е составен дел од структурата на ВМРО-ДПМНЕ, со овој марш сакаме да го одбележиме овој ден. Но, она што ме разочарува и она што создава едно би рекол посебно чувство на гнев е што после 68 месеци откако оваа Влада е избрана со ветување за живот, со ветување дека ќе ги решат сите отворени проблеми посебно со соседите, можете да видите денеска имаме во главниот град на нашата Македонија мерки за обезбедување од највисок степен, од прв степен, хеликоптери летаат или може да заклучам дека не само што не ги решиле туку ги продлабочиле. Ја опљачкаа, ја уништија, ја ограбија Македонија и ја поделија Македонија. Колку побргу заминат толку подобро ќе биде за сите нас.“

Во текот на вчерашниот ден во еден од локалните ограноци на партијата се одржа и трибина, а синоќа во седиштето на партијата беше изложен банер со цитати од Гоце Делчев.

Претставници на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола беа дел од маршот кон црквата Св. Спас

1023