June 2, 2023

ВМРО-ДПМНЕ во Битола го одбележа поменот на Гоце Делчев

Делегација предводена од Пеце Милевски претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ – БИТОЛА, градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, пратеничката во собранието на Република Македонија Силвана Ангелевска, Унијата на Млади Сили, Унијата на ветерани и Унијата на жени оддадоа почит на македонскиот великан Гоце Делчев.


“… Дали може да има друго место за еден Македонец, освен Македонија?
Дали има и народ понесреќен од македонскиот?
И дали има некаде пошироко поле за работа, отколку во Македонија…” и по 120 години Делчев не обврзува со својата визија, аналитичност и љубов за Македонија. – стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ Општински Комитет – Битола .

Свежо цвеќе положија и претставници на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ

1014