Споменот за борбата на Гоце Делчев ги обедини ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ од Битола…

…или таков од прва е впечатокот кога се гледа заедничката фотографија на делегациите од двете партии кои денеска во исто време со цвеќиња во рацете се поколнуваа пред затворената спомен куќа на Гоце Делчев , положувајќи ги цвеќињата на скалите од влезот.
Делегациите ги предводеа Пеце Милевски , претседател на ВМРО-ДПМНЕ во Битола и Драган Крајовски претседател на СДСМ во Битола.
Препукувањата, навредите, конструктивните и помалку конструктивните критики и политики на партиите сигурно ќе продолжат како и досега. Но, денешното одбележување за момент, барем за заедничката фотографија, ги стави едни до други како моментни носители на политиките насочени кон иднината на независната (автономната ) држава на сите Македонци државјани, Македонија на Гоце Делчев.
