May 19, 2024

Чествување по повод 151 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев

Делегација од општина Битола, предводена од градоначалникот Тони Коњановски и претставници на Советот на општината, по повод 151 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, положи свежо цвеќе пред Спомен куќата на македонскиот револуционер, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење. Во чест на денешниот ден, почит одадоа и претставници на Сојузот на борци, политичките партии и други граѓански организации од Битола.

Гоце Делчев, високо издигнувајќи го неговиот интернационален и космополитски поглед, преку неговата борба, идеали и пораки и денес ни дава поука, но и не обврзува на нашата голема должност да се грижиме за нашите вредности, да ги почитуваме традициите, да не дозволиме поделби и да го сочуваме македонското национално ткиво на достоинствен начин.

Нека му е вечна славата!

Извор: Општина Битола


1023