Состојба на патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат на патниот правец Страцин – Крива Паланка и во Делчево, а со среден интензитет на планинскиот превој Ѓавато , но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.
На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.
Сите подетални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат дежурниот телефон
02 / 25 61 502 (извештајот е од 6.00 часот утринава)
Извор: Диспечерски центар на Македонија пат
